logo
logo
logo

СРПСКИОТ ПАСОШ станува поатрактивен од БУГАРСКИОТ за македонските граѓани

Vecer | 15.03.2026

СРПСКИОТ ПАСОШ станува поатрактивен од БУГАРСКИОТ за македонските граѓани

Македонските граѓани се почесто се одлучуваат да извадат српски пасош. Блискоста меѓу двете земји и народи го направи пасошот на северниот сосед атрактивен. Иако според земјите каде може да се патува, нашиот и српскиот се горе-долу исти, сепак има неколку поволности.

Голем дел од оние кои се одлучуваат да извадат српски пасош го користат за школување на нивните деца во Универзитетите во Србија, за бизнис, за спорт или пак некои го зеле поради тоа што се омажиле или ожениле за Срби.

Не постојат официјални податоци колку македонски граѓани извадиле српски пасош, но според последниот попис околу десет илјади македонски граѓани имаат двојно државјанство -македонско и српско.

Саша Богдановиќ припадник на српската заедница вели дека има повеќе причини зошто меѓу македонските граѓани постои се поголем интерес за вадење српски пасош

- Постои интерес од двете страни од економски причини. Некои вадат за да работат, некои за спорт, култура. Има и примери кои се дојдени од Србија за работа или се ожениле, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk