logo
logo
logo

Јаревски: Социјалниот дијалог дава резултати — ИСТОРИСКИ ДОГОВОРИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Vecer | 15.08.2026

Јаревски: Социјалниот дијалог дава резултати — ИСТОРИСКИ ДОГОВОРИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата, посочи Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од преземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието. Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори. Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%, рече Јаревски.

По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус.

Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд. Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој, посочи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk