logo
logo
logo

Пред очи и нос на обвинителството ЗАЕВИ ГО ПРЕЗЕМАА СКИ ЦЕНТАР КОЖУФ!

Vecer | 22.06.2026

Пред очи и нос на обвинителството ЗАЕВИ ГО ПРЕЗЕМАА СКИ ЦЕНТАР КОЖУФ!

Две бугарски фирми станаа нови потенцијални инвеститори на Ски Кожуф Инвест, фирма која под ова име сега е сопственик на туристичкиот центар, додека се посилни се гласините дека ова место повторно ќе се отвора за туристите.

Кога ќе ги погледнте фирмите, особено дејноста на систите, сами вис е цртаат соптвениците: Заеви!

Од пред неколку недели со свој удел во Ски Кожуф Инвест се стекнала компанијата Интернешнл Груп Струмица, фирма за градежништво од 2018, која сега е во сопственост на две фирми од Бугарија - Зунче и Грал (фирма за изградба на станови и одгледување медицински канабис), двете од Петрич.

До октомври 2024 удел во Интернешнл Груп имал и познатиот струмички бизнисмен Горан Крстев, поврзуван како близок бизнис соработник со поранешниот премиер Зоран Заев.

Интернешнл Груп има двајца управители - едниот е Горан Крумов од струмичко Дабиље, а другиот е скопјанецот Златко Димитровски.

Интернешнл Груп од ноември 2025 е основач и на „Тхе Гранд Спин“ заедно со Енерго Максистем на балерината Тања Вујисиќ Тодоровска, а името иако алудира на коцкарски бизнис, официјалната дејност е градежништво со почетен влог од 1.116.400 евра.

„Интернешнл Груп“ сега има удел од 43 отсто во „Ски Кожуф Инвест“, компанијата која, како новооснована од 2024, ги поседува недвижнините на некогашниот зимски ски центар.

Втор сопственик на Ски Кожуф Инвест сега е и Кожуф Маунтаин Ресорт на Владо Наков, а управител е Ристо Наков. Компанијата е регистрирана во 2022 и лани имала минимални приходи. Дејноста е хотелско сместување, Имињата се поврзани со Ангел Наков, поранешниот извршен директор на зимскиот центар Кожуф кој заврши во стечај, Фирмата има и удел во Кожуф Ски Бајк Хајк, друштво формирано на крајот на 2023.

Трет сопственик на Ски Кожуф Инвест е основачот БСГ Инвест Тим од Гевгелија на БС Билдинг, компанија на Бранислав Палазов и Стефан Русев, едни од најпознатите бизнисмени и градежници од Гевгелија

Од претходно, со купувањето на опремата и недвижниот имот се исполнети условите за рестартирање на центарот Кожуф, но за тоа, како што велат упатените, е потребно и да се направи разрушениот пат од страна на државата. Ски-центарот Кожуф беше девет години во стечај, а инвестицијата која беше повеќемилионска не се реализираше најмногу поради тоа што патот никогаш не се направи не бил одржуван.

Менаџер на „Ски Кожуф Инвест“ е Глигор Беловинов од Валандово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk