Два пожари утрово ги активираа кумановските пожарникари – еден во населбата „Средорек“, каде екипите два часа се бореле со огнот, и втор во сендвичарница на улицата „Борис Кидрич“. Пожарот во „Средорек“ бил пријавен во 05:35 часот, а избувнал на локација со отпад и диви депонии. Огнот е локализиран и целосно изгаснат, додека во пожарот во сендвичарницата интервенирале едно противпожарно возило и пет пожарникари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата