logo
logo
logo

СИЛЕН ВЕТЕР ВО ГРБ ЗА ДОМАШНИОТ БИЗНИС - Фирмите ќе добијат и до 1.250.000 денари за нови вработувања!

Vecer | 16.07.2026

СИЛЕН ВЕТЕР ВО ГРБ ЗА ДОМАШНИОТ БИЗНИС - Фирмите ќе добијат и до 1.250.000 денари за нови вработувања!

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните, велат од партијата.

Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра.

СДС и ДУИ со години наназад зборуваа за економски развој, а зад себе оставаа затворени фирми, иселување и рекордна невработеност, денес се реализираат мерки со јасна цел, поддршка на стопанството и отворање нови работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со мерката, една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.

Овие проекти се директна инвестиција во македонската економија, во домашните компании и во македонските работници. Со секое ново работно место се зајакнува економијата, се подобрува животниот стандард и се создаваат услови младите својата иднина да ја градат дома. Владата продолжува со реализација на мерки што даваат резултати. Се испорачуваат конкретни политики и реална поддршка за стопанството, се вели во партиското соопштение.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики што носат економски раст, повисока вработеност и подобар животен стандард за сите граѓани, пишува во соопштението за вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk