logo
logo
logo

Прелетачи во место

Што бара, и што добива, адвокатот Ивица Коневски со неговите градежни фирми

Vecer | 24.04.2026

Што бара, и што добива, адвокатот Ивица Коневски со неговите градежни фирми

Инвеститор на новата зграда во Кисела Вода каде што при изградба на темелите загина еден работник а други тројца, при излизгување на земјиштето, со повреди завршија во Ургентниот центар во Скопје е Ивица Коневски, поранешниот градоначалник на Општина Аеродром.

Како што веќе е објавено и потврдено од самиот Коневски, инвеститор на зградата е Нар Инвестмент. Според податоците од Централен регистар, компанијата е релативно нова, односно регистрирана е во ноември 2025. Засега нема пријавени приходи и добивка.

Коневски од пред три години веќе има една своја компанија со иста дејност за изградба на згради - Ли Инвестментс, која веќе рекламира проекти и продава станови на социјалните мрежи во неколку скопски населби.

Според податоците на Централен регистар, Ли Инвестментс во 2025 ги има остварено првите приходи - 77.790.105 денари. Прикажаната добивка е 8.892.498 денари, односно 145.000 евра.

Киневски за медиумите одговори дека се работи за трагедија за која поради стресот кој што го доживеал не може да даде подетална изјава.

Ивица Коневски е адвокат. Во полтиката е влезен како дел од “тимот“ на Сашо Мијалков по што стана градоначалник на Аеродром, а во 2020-та заедно со Сашо Мијалков и екс министерот за здравство Никола Тодоров беше иницијатор за вонреден “конгрес“ на партијата за смена на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во јули 2020-та поранешниот градоначелник на Аеродром, Ивица Коневски, тогаш актуелен советник за град Скопје од  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно побара промени во партијата.

„Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ, ова уште еднаш го потврдија последните парламентарни избори. Повеќе од јасно е дека на партијата и е неопходен добар тим, раководство со капацитет за обединување и демократизација, кои во моментов се клучни за враќање на довербата кај граѓаните. 

ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имала свој препознатлив печат, кој за жал изминатите неколку години избледе. Но, и покрај сите премрежија, кај многумина од нас не избледе искрената желба партијата да се врати на својот вистински пат, да ги следи современите текови и повторно да стане делотворен чинител во ова општество. ВМРО-ДПМНЕ тоа го има, го може и знам дека ќе успее пак да се издигне на пиедесталот, онаму каде што припаѓа, на првото место. Доаѓаат подобри времиња!“, истакна Коневски.

Во февруари 2021 година Ивица Конески, член на Иницијативниот одбор за Вонреден конгрес во партијата поддржан и финансиски помаган од Зоран Заев и СДСМ, во подкастот Во центар изјави:

“На 28 март Мицкоски ќе биде поранешен претседател на партијата. И да има судска постапка, судот ќе одлучи во наша корист, вели Коневски, сите правни аргументи се на наша страна“

Според зборовите на Коневски, на Вонредниот конгрес ќе имал повеќе од две третини од делегатите кои ќе му изгласаат недоверба на Мицкоски.

Но, работите тргнаа поинаку:

Сашо Мијалков е недостапен за Министерството за внатрешни работи, а екипата на ТВ21 последно го виде вчера (21.02.2021) во кафе барот Дистрикт, Мериот.

Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.

На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по 10-тина минути да го напушти хотелот.

Екипата на ТВ21 остана во Дистрикт, а до крајот додека биле таму, тој не се вратил...“

Во исто време Ивица Коневски гради зграда во Аеродорм каде што беше градоначалник.

Во 2024-та година Ивица Коневски беше осомничен од Антикорупциската комисија дека за лична корист – добивање на деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил градоначалничката функција за да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и место зеленилото, да нацрта зграда.

Тоа е просторот во кој сега се наоѓаат маркетот Тинекс и лабораторијата Авицена во огромната 9-катница кај Мајчин дом, на чие место отсекогаш имаше нацртано зеленило во ДУП.

Антикорупциската комисија на последниот ден од мандатот, одлучи на Финансовата полиција и на Обвинителството да им достави предмет против Ивица Коневски со сите наводи и сомневања, за да испитаат како што кажа претседателката Билјана Ивановска, како го стекнал тој деловен простор или откај му се средствата.

Тогашната власт на СДСМ и нивното Обвинителство не отворија истрага.

“Подобрите времиња“ за Ивица Коневски, Никола Тодоров и Сашо  Мијалков и нивно преземање на партијата - не дојдоа. Но, затоа ВМРО ДПМНЕ, по неупсешниот обид за преврат, доживеа две убедливи победи на локалните и убедлива победа на парламентарните избори.

Ивица Коневски е адвокат со упад во градежниот бизнис како инвеститор. Патем, и адвокат на некои општини во кои сега гради објекти. “Комшијата“ (прекар за Коневски како градоначалник) видел профит во градежништвото уште од неговиот градоначалнички мандат.

Порталот СкопјеИнфо, финансиран преку негов соработник од Коневски во неговиот градоначалнички мандат, го прогласи Ивица Коневски за најуспешен градоначалник во Скопје за 2012 година, според анкетата на порталот . Второпласиран беше градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Изведувач на проектот во Кисела Вода е фирмата „Компанија Јакимовски ДООЕЛ“, чиј сопственик е Петар Јакимовски.

Градежната фирма е основана во 2011, лани имала приходи од 50.302.646 денари и добивка од 3.150.713 денари.

Скопското обвинителство отвори истрага за несреќата во Кисела Вода каде при градежни работи загина еден работник, а тројца се повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk