logo
logo
logo

На 13 јули во Собранието ќе се гласа реконструираната Влада

Vecer | 03.07.2026

На 13 јули во Собранието ќе се гласа реконструираната Влада

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажена во понеделник на 13 јули, информираат од собраниската прес-служба.

На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата.

Ќе бидат разрешени 8 министри.

Пред пратениците ќе се најде предлогот за разрешување на Игор Филков од функцијата министер кој раководи со Министерството за правда. Ќе бидат разрешени и министрите Иван Стоиљковиќ од Министерството за односи меѓу заедниците, Азир Алиу од Министерството за здравство, Златко Перински од Министерството за локална самоуправа, Цветан Трипуновски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Лимани од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Зоран Љутков од Министерството за култура и Шабан Салиу како министер без ресор.

На местото на Филков, за министер за правда се предлага избор на Јетон Шасивари.

На местото на Стоилковиќ, за министер за односи меѓу заедниците се предлага Агон Ферати, Стоилковиќ се предлага за министер за локална самоуправа.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство се предлага Сашо Клековски, а за министерството за земјоделство, Борче Серафимовски.

За министер кој ќе раководи за социјална политика, демографија и млади се предлага досегашниот заменик министер Ѓоко Велковски, а за министер за култура досегашниот заменик министер Седат Сулејмани.

На месотото на Салиу, како министер без ресор, се предлага Ерџан Демир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk