СТАБИЛНА СОСТОЈБАТА СО ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР, информираат од МЗ

Vecer | 01.08.2026

СТАБИЛНА СОСТОЈБАТА СО ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР, информираат од МЗ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информираат од МЗ.

На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи.

Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk