Сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде од еден до осум Целзиусови степени, а дневната во интервал од 16 до 26 степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од пет степени наутро до 25 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно време со слаб локален дожд. Ќе дува и умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата повремено силен северен ветер со брзина од над 70 километри на час.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата