МАЛОЛЕТНИЦИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ограбиле малолетник, шестмина приведени

Vecer | 05.10.2026

МАЛОЛЕТНИЦИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ограбиле малолетник, шестмина приведени
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во Скопје синоќа околу 22 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода шест малолетници од Скопје - соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие се сомничат дека со закана, при што едниот од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, а од друг малолетник се обиделе да одземат пари.

-По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“ по член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик - наведуваат од МВР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk