Полицијата лишила од слобода 85-годишен жител на струшкото село Заграчани, кој, според МВР, претходно предизвикал пожар на отворен простор.
Од МВР информираат дека на 4 септември во 16:30 часот, на локалниот пат меѓу селата Заграчани и Долна Белица, бил лишен од слобода А.М. (85) од Заграчани.
Според пријавеното, тој претходно кај месноста „Лок“ подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација.
Во пожарот нема повредени лица, а во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
По целосното документирање на случајот, против 85-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата