logo
logo
logo

ПРВАТА СЕДНИЦА НА 2 СЕПТЕМВРИ: Пратениците се враќаат на работа по августовскиот одмор

Vecer | 21.08.2026

ПРВАТА СЕДНИЦА НА 2 СЕПТЕМВРИ: Пратениците се враќаат на работа по августовскиот одмор

Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември.

На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија. Од Кабинетот на Гаши велат дека тој постојано е на работа иако официјално пратениците се на одмор.

На 121. седница закажана за 2 септември на дневен ред се 53 точки, меѓу кои именување вицегувернер на Народната банка, ратификации, предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, предлогнационална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 - 2030 година, како и закони по скратена постапка, главно усогласувања со новиот Закон за високите раководители.

Редовната летна пауза на Собранието е од 1 август иако некои од пратениите имаа активности и за националниот празник Илинден, кој се одбележува на 2 август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk