(ВИДЕО) Без возачка дивееше со мотор на едно тркало на „Партизанска“, СНИМКАТА МУ ДОНЕСЕ ДВЕ КРИВИЧНИ

Vecer | 11.10.2026

(ВИДЕО) Без возачка дивееше со мотор на едно тркало на „Партизанска“, СНИМКАТА МУ ДОНЕСЕ ДВЕ КРИВИЧНИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерството за внатрешни работи го пронајде и му поднесе две кривични пријави на скопјанецот кој со мотор дивееше на булеварот „Партизански Одреди“ кај Универзална сала.

По објавените снимки како управува со моторот на едно тркало и се исмева со системот „СЕЈФ СИТИ“, сега скопјанецот ќе одговара кривично.

-Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл “сузуки” движејќи се небезбедно на едно тркало на бул.”Партизански Одреди” кај крстосницата со ул.”29-ти Ноември” во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со „Безбеден град“ преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл “сузуки” со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен е разговор со А.А.

-А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл “сузуки” на бул. “Партизански Одреди” и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток, велат од Министерството.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, “безобѕирно управување на моторно возило” и по член 298 од Кривичниот законик- “загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk