logo
logo
logo

Паметен се крие во двор на полициска станица

РИПНА ОД ПРОЗОР УАПСЕН ЗА ДРОГА, АМА ЕВЕ ГО УАПСЕН ВО СКОПЈЕ

Vecer | 14.07.2026

РИПНА ОД ПРОЗОР УАПСЕН ЗА ДРОГА, АМА ЕВЕ ГО УАПСЕН ВО СКОПЈЕ

Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен, дознава „Скопје1“ од свои извори во Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него. Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата на државата.

Лазаров беше приведен поради сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, но успеа да избега од полициската станица во Кочани преку прозорец.

Според сознанијата на „Скопје1“, ова не е негово прво приведување за вакво кривично дело. Тој претходно бил апсен во Скопје, а потоа и во Кочани, а меѓу жителите на Кочани е познат како лице инволвирано во трговија со дрога.

Неговото име беше спомнато и во текот на судењата за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Во исказ пред обвинител, сведокот Ана Томева изјавила: „Лице познато како ‘Цуната’ беше главен дилер на дрога. Беше стално апсен, па пуштан“, а ова беше прочитано во судницата.

Во меѓувреме, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР води истрага за утврдување евентуална одговорност кај полициските службеници од кои успеал да избега.

„Воедно ве информираме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веднаш излезе на лице место и презема мерки за расчистување на случајот во врска со постапувањето на полициските службеници“, соопштија од МВР за „Скопје1“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk