МАКЕДОНИЈА ВО ТОП 30 ВО СВЕТОТ на листата за сајбер безбедност

Vecer | 20.08.2026

МАКЕДОНИЈА ВО ТОП 30 ВО СВЕТОТ на листата за сајбер безбедност
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија направи огромен скок на глобалната мапа за дигитална безбедност и се искачи на 30-то место во светот од вкупно 155 земји, според Националниот индекс за сајбер-безбедност што го подготвува естонската Академија за е-управување. Ова претставува напредок од дури 29 позиции во споредба со 2023 година кога земјата се наоѓаше на 59-то место, истакна пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.

Според Бојковска, овој резултат со освоени 84,17 поени е директна потврда дека Владата гради сериозен и поорганизиран систем за заштита од дигитални закани.

Како клучни чекори во овој процес се издвојуваат:

Новата законска рамка со која за првпат прецизно се дефинираат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во однос на безбедноста на мрежните и информациските системи.

Воспоставувањето конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, обврската за задолжително пријавување на безбедносни инциденти и посилни механизми за заштита на сите витални државни институции.

Оваа промена значи дека сајбер-безбедноста повеќе не се третира како тема што се решава дури откако ќе се појави хакерски проблем, туку преку јасно дефинирани правила за превенција. За граѓаните ова носи побезбедни дигитални јавни услуги, подобра заштита на нивните лични податоци и поголема отпорност на целата државна инфраструктура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk