Уште еден уапсен ноќва во големата меѓународна полициска акција

Vecer | 16.08.2026

Уште еден уапсен ноќва во големата меѓународна полициска акција
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

По вчерашната голема меѓународна полициска акција, во која беше сузбиена организирана криминална група за недозволена трговија со наркотици, истрагата продолжи и во текот на ноќта и раните утрински часови, при што е пронајдено и лишено од слобода уште едно лице.

- Одделот за криминалистичка полиција, по спроведените истражни дејствија и оперативни активности, го пронајде и лиши од слобода лицето за кое постојат сомненија дека е дел од организираната криминална група опфатена со вчерашната меѓународна полициска операција. Станува збор за продолжение на акцијата која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција и мешовити тимови, ја спроведува во координација со полициите на Косово и Грција и под водство на обвинители од Македонија, Косово и Грција, соопшти МВР.

Во рамки на досегашните активности беа лишени од слобода повеќе лица, а беа запленети околу 300 килограми марихуана.

- Полициските и истражните активности не завршуваат со вчерашната акција. Надлежните служби продолжуваат со преземање оперативни и истражни мерки со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на сите лица вклучени во криминалната група и откривање на евентуални други лица поврзани со недозволената трговија со наркотици. Со денешното лишување од слобода продолжува разбивањето на криминалната мрежа и активностите на македонската полиција во соработка со меѓународните партнери во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, велат од македонската полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk