Казна 30 евра: БЕЗ НОВ КОМПЛЕТ ЗА БРЗА ПОМОШ НЕ ТРГНУВАЈТЕ ЗА ГРЦИЈА

Vecer | 18.05.2026

Казна 30 евра: БЕЗ НОВ КОМПЛЕТ ЗА БРЗА ПОМОШ НЕ ТРГНУВАЈТЕ ЗА ГРЦИЈА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Од 18 јуни возачите кои возат во Грција ќе треба да поседуваат нов комплет за брза помош, информираа од Макам- транс.

Комплетот содржи 16 специфични предмети меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници. Наједноставно е купувањето комплет со ознаката DIN 13164-2022.

Фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва помош мора да бидат со рок на траење, во добра состојба и означени со CE, во согласност со регулативата на Европската Унија за медицински помагала.

Доколку при полициска контрола се утврди дека возилото не го поседува потребниот комплет за прва помош, предвидена е парична казна од 30 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk