Шеснаесетгодишник од штипско е повикан на разговор во полиција откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како вози мотоцикл на едно тркало и го загрозува сообраќајот.
Од СВР Штип информираат дека малолетникот бил пронајден на 18 октомври, а со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. При проверките било утврдено и дека управувал мотоцикл пред да се стекне со право за тоа.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следува соодветна пријава против малолетникот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата