logo
logo
logo

220 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО МОЖАТ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ: Mемов предлага нов модел за здравствено осигурување на пензионерите

Vecer | 26.08.2026

220 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО МОЖАТ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ: Mемов предлага нов модел за здравствено осигурување на пензионерите

Нова можност за финансирање на здравственото осигурување на пензионерите предлага директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, со цел средствата за оваа намена да не се обезбедуваат од придонесите што ги уплаќаат сегашните вработени. Според Мемов, со воведување нов модел би можеле да се ослободат околу 220 милиони евра годишно, средства што Фондот во моментов ги издвојува за здравствено осигурување на пензионерите.

Мемов смета дека ова претставува дополнителен товар за пензискиот фонд.

-Фондот на ПИОМ секој месец одвојува средства за здравственото осигурување на пензионерите. Оваа обврска, која се реализира согласно законското решение, претставува посебен товар за Фондот. Средствата што се издвојуваат и се префрлаат во Фондот за здравство се во висина од 11,8% од нето-исплатената пензија. Претходно, односно до 31 декември 2025 година, се одвојуваа 13% од нето-исплатената пензија. На годишно ниво, таа сума изнесува 13,7 милијарди денари, односно над 220 милиони евра. Да појаснам дека Фондот одвојува средства за здравствено осигурување на пензионерите од средствата од придонесите за пензиско осигурување на сегашните осигуреници. Тука треба да има промена и да се најде поинаков начин на финансирање на здравственото осигурување на пензионерите, а не како што е сега, да се финансира од придонесите за пензиско осигурување. – вели Мемов во интервју за порталот  Економија и бизнис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk