Јаделе лазањи со сос, па почнале да повраќаат - 81 РАБОТНИК ВО РЕК БИТОЛА ПОБАРАЛЕ ЛЕКАРСКА ПОМОШ

Vecer | 25.03.2026

Јаделе лазањи со сос, па почнале да повраќаат - 81 РАБОТНИК ВО РЕК БИТОЛА ПОБАРАЛЕ ЛЕКАРСКА ПОМОШ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми.

Специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос изјави дека на сите им е укажана лекарска помош и дека најголем дел се испратени на домашно лекување.

– Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и со температура. Сите се со иста клиничка слика. Како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија – изјави д-р Сидиропулос.

Надлежните институции вршат испитување и анализа на проблемот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk