logo
logo
logo

СОБРАНИЕТО ЈА ИЗБРА МЕРИ ДИКА ГЕОРГИЕВСКА ЗА УСТАВЕН СУДИЈА

Vecer | 29.07.2026

СОБРАНИЕТО ЈА ИЗБРА МЕРИ ДИКА ГЕОРГИЕВСКА ЗА УСТАВЕН СУДИЈА

Собранието избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија, со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.

Дика Георгиевска е актуелен претседател на Апелацискиот суд Скопје.

По изборот, судијката Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд.

Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирала во 1985 година, а магистерските студии по правни науки ги завршила на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје во 2014 година.

Правосудниот испит го положила во 1987 година. Кариерата ја почнала како адвокатски приправник и стручен соработник, а потоа работела како адвокат во сопствена канцеларија. Од 1996 до 2005 година беше судија во Основниот суд Скопје 2, а потоа продолжи како судија во Апелациониот суд Скопје. Од 2012 до 2018 година беше член на Судскиот совет, по што се врати во Апелациониот суд. Во 2023 година беше избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје. Во својата кариера била претседател на стопанските оддели во Основниот и во Апелациониот суд.

Со изборот на новиот уставен судија, Уставниот суд ќе работи со 8 од предвидените 9 судии. Едно судиско место останува непополнето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk