logo
logo
logo

Еве како се работи...

ОД ТУНЕЛ ШТО НЕ ВОДИ НИКАДЕ, ДО ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ - Буџетот полн проектот завршен

Vecer | 06.08.2026

ОД ТУНЕЛ ШТО НЕ ВОДИ НИКАДЕ, ДО ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ - Буџетот полн проектот завршен

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање непосредно пред потпишувањето на договорите, истакна дека со новите услови и преговори е надминат ризикот од нецелосна и неодржлива изградба на железничката делница кон Бугарија.

Мицкоски посочи дека биле потребни две години напорна работа за да се добие проект со јасна определба и заштита на државниот буџет:

„Ова е резултат на две години напорна работа кои го искристализираа и го направија појасен овој проект. Ноака како што пред две години беше овој проект подразбирање дека треба да завршиме на пола тунел и без да имаме јасна определба од нашиот источен сосед дека ќе има модернизација на секцијата којашто ја поврзува границата со нас и Софија, вклучувајќи ја и другата половина на тунелот. Требаше време да се постигне напредок во преговорите со нашиот источен сосед, тој напредок се постигна и имаме тунел којшто е трет дел од проектот. Заеднички проект кој очекуваме да биде целосно финансиран како грант од страна на Европската комисија. Не беше така во јуни 2024 година, требаше да потрошиме повеќе од половина милијарда евра и да завршиме на пола тунел, во среднина на никаде. Сега имаме целина којашто ќе ги поврзе двете држави и којашто целина ќе значи додадена вредност за двете држави“, рече Мицкоски.

Според премиерот, со овој пристап се обезбедува целосно инфраструктурно поврзување меѓу двете земји, при што проектот добива вистинска економска и сообраќајна вредност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk