Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, вчера вечерта во близина на граничниот премин Ќафасан го лишиле од слобода Б.Б. (40) од Гостивар.
-При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава против лицето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата