logo
logo
logo

Детали: ПОЗНАТИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА МАКЕДОНКАТА ВО СОЛУН

Vecer | 08.07.2026

Детали: ПОЗНАТИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА МАКЕДОНКАТА ВО СОЛУН

Првичните резултати од форензичката обдукција на 24-годишната студентка од Македонија, која беше пронајдена почината во стан во областа Сикиес во Солун, покажуваат дека засега нема индиции за насилна смрт.

Според информациите што ги објави грчкиот медиум „Thestival.gr“, првите наоди упатуваат на можни патолошки причини, односно дека смртта можела да настапи како последица на здравствен проблем или природен процес во организмот.

Од досегашните анализи, при обдукцијата не биле пронајдени повреди или други знаци што би укажале дека станува збор за криминално дело. Сепак, истрагата сè уште не е завршена, бидејќи надлежните ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да помогнат во утврдувањето на точната причина за смртта.

Девојката била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство подолг период не успевало да воспостави контакт со неа. По пријавата, биле преземени активности за нејзино пронаоѓање, по што била пронајдена мртва во станот во Сикиес, Солун.

Случајот и понатаму останува предмет на проверка, а грчките надлежни органи ги анализираат сите достапни информации поврзани со последните моменти од нејзиниот живот и околностите под кои дошло до смртта.

Иако официјалниот идентитет не е објавен, според неофицијални информации станува збор за 24-годишна студентка од Прилеп која студирала во Солун.

Конечниот одговор за причината за смртта се очекува по завршувањето на сите дополнителни медицински анализи, вклучително и токсиколошките испитувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk