logo
logo
logo

Мали, ама скапо: ОВИЕ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ НАПРАВИЛЕ МИЛИОНИ ОД ПРОДАЖБА НА ПАРФЕМИ

Vecer | 13.07.2026

Мали, ама скапо: ОВИЕ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ НАПРАВИЛЕ МИЛИОНИ ОД ПРОДАЖБА НА ПАРФЕМИ

Пазарот на козметика и парфеми во Македонија носи милионски приходи и добивки за најголемите компании во секторот, а податоците за 2025 година покажуваат дека неколку големи играчи се издвојуваат според заработката.

Најголема добивка меѓу издвоените специјализирани продавачи на козметика и парфеми остварил ДМ Дрогерие Маркт. Компанијата ја завршила 2025 година со добивка од околу 2,7 милиони евра.

Второто место според остварената добивка го зазема АТУ Македонија со околу 1,5 милиони евра. На третото место се најде Сарантис-Скопје, кој остварил добивка од околу 1,3 милиони евра, додека четврти е тетовски Шатци со заработка од нешто повеќе од еден милион евра.

Покрај специјализираните продавачи на мало и големо, козметика, парфеми и производи за лична нега продаваат и големите маркети за малопродажба и аптеките. Оттука, целокупниот пазар е значително поширок од компаниите чија основна дејност е директно поврзана со продажба и дистрибуција на козметички и парфимериски производи, покажува анализата на Фактор..

Кога компаниите ќе се подредат според приходите, убедливо на првото место е ДМ Дрогерие Маркт. Компанијата во 2025 година остварила приходи од околу 58,3 милиони евра и има 251 вработен.

Второто место го зазема Сарантис-Скопје со приходи од околу 8,4 милиони евра. Компанијата е дел од групацијата Сарантис, која во своето портфолио има повеќе брендови за лична нега и козметика.

Трет на листата се најде Трејдек со приходи од околу 7,3 милиони евра, додека четвртото место му припадна на Шатци со приближно 7 милиони евра приходи.

На петтото место е Алма од Кочани, која во 2025 година остварила околу 3,8 милиони евра приходи. Шестото место го зазема Пуре Лифе Косметикс од Тетово со приходи од приближно 3,5 милиони евра.

Седма на листата е Еликсир Дистрибуција со околу 3,2 милиони евра приходи, а на осмото место се најде Мат Трејд со нешто повеќе од 3 милиони евра.

Деветтото место го зазема Евро Стил Трејд со приходи од околу 2,9 милиони евра, додека листата на десетте најголеми ја заокружува Лукс Дистрибуција со приближно 2,4 милиони евра приходи во 2025 година.

Бројките покажуваат дека продажбата на козметика, парфеми и производи за лична нега е бизнис тежок десетици милиони евра. ДМ има убедлива предност според приходите и добивката, а зад него останува група домашни и регионални компании кои годишно вртат милионски суми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk