УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ - Прав и песок од Сахара под жешкото сонце!

Vecer | 27.08.2026

УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ - Прав и песок од Сахара под жешкото сонце!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија до крајот на викендот останува под влијание на силен африкански топлотен бран, кој освен високи температури носи и голем облак од сахарска прашина и песок.

Метеоролозите предупредуваат дека од петок (28 август) до недела атмосферата ќе биде значително заматена, со намалена видливост и карактеристична жолтеникава боја на небото, а ситните честички од пустината може да се таложат врз автомобилите и објектите.

Истовремено, топлотниот бран ќе донесе високи дневни температури кои во Скопје и низ земјата ќе надминуваат 36 степени, како и неподносливи тропски ноќи каде температурата нема да се спушти под 20 степени, особено во Повардарието и Југоисточниот регион.

Комбинацијата од жештина, спарност и честички во воздухот може сериозно да им го отежне дишењето на метеоропатите, постарите лица и луѓето со респираторни проблеми. На овие категории граѓани им се препорачува да избегнуваат физичка активност и подолг престој на отворено во најжешките периоди од денот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk