logo
logo
logo

100.000 ДЕНАРИ ЗА НАРУШЕН УГЛЕД: Данела Арсовска и Град Скопје ја изгубија тужбата за клевета од екс-директорот на ЈСП

Vecer | 13.07.2026

100.000 ДЕНАРИ ЗА НАРУШЕН УГЛЕД: Данела Арсовска и Град Скопје ја изгубија тужбата за клевета од екс-директорот на ЈСП

Основниот граѓански суд Скопје после 4 години донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на поранешниот генерален директор на ЈСП „Скопје“, Орце Тодоровски, против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и Град Скопје поради клевета и навреда.

Според пресудата, судот утврдил дека на прес-конференцијата одржана на 6 декември 2022 година Арсовска изнела невистинити тврдења со кои му нанела штета на угледот и честа на Тодоровски. Изјавите се однесувале на наводна набавка на 150 автобуси од Унгарија и тврдења дека Тодоровски посредувал за исплата на провизија.

Судот оцени дека со ваквите изјави е сторена клевета, поради што Данела Арсовска е задолжена да му исплати на Тодоровски 100.000 денари како надомест на нематеријална штета.

Со пресудата, Арсовска е задолжена и јавно да ја објави изреката од пресудата на сопствен трошок во два дневни весници, како и во иднина да се воздржи од изнесување исти или слични невистинити и навредливи тврдења.

Одговорност утврди и за Град Скопје, кој солидарно со Арсовска ќе треба да ја надомести штетата и да ја објави изреката од пресудата во согласност со судската одлука.

Воедно, судот му ги досуди на тужителот и 16.457 денари за трошоците на постапката, додека останатиот дел од тужбеното барање е одбиен како неоснован.

Пресудата е донесена од Основниот граѓански суд Скопје под број 2115/723 и, согласно Законот за граѓанска постапка, странките имаат право на жалба во законски предвидениот рок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk