logo
logo
logo

ТАЛОГОТ НА СДС ДЕНЕС Е НА ЈАХТИ ВО ГРЦИЈА, ПРИВАТНИ ЗАБАВИ ВО ДУБАИ И ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ НИЗ ЕВРОПА - Порачаа од ВМРО ДПМНЕ

Vecer | 04.08.2026

ТАЛОГОТ НА СДС ДЕНЕС Е НА ЈАХТИ ВО ГРЦИЈА, ПРИВАТНИ ЗАБАВИ ВО ДУБАИ И ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ НИЗ ЕВРОПА - Порачаа од ВМРО ДПМНЕ

ВМРО - ДПМНЕ со остри критики одговори на обвинвуањата на СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија самата се препознала и се прогласила за „талог“. Од владејачката партија порачаа дека, според нив, СДСМ за време на седумгодишното владеење не работела во интересн на граѓаните, туку исклучиво за сопствени партиски и лични интереси. 

Во соопштението се наведува дека денес, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, функционери и претставници на СДСМ можат да се видат „на јахти во Грција, на приватни забави во Дубаи или на продолжени викенди низ Европа“, наместо, како што велат, да бидат посветени на проблемите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ понатаму ја обвинува СДСМ дека во изминатите години направила, како што наведуваат, низа отстапки на штета на националните интереси и дека и денес е подготвена на нови компромиси.

Од партијата оценуваат дека СДСМ дејствува спротивно на националните интереси и е под влијание на надворешни фактори, поради што, според нив, јавноста ја препознава како партија што ги занемарува интересите на сопствените граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk