ПРОБЛЕМОТ НА КАМИОНЏИИТЕ ОД РЕГИОНОТ ДЕНЕСКА СЕ РЕШАВА ВО СКОПЈЕ

Vecer | 11.08.2026

ПРОБЛЕМОТ НА КАМИОНЏИИТЕ ОД РЕГИОНОТ ДЕНЕСКА СЕ РЕШАВА ВО СКОПЈЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

 – Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи денеска во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. 

Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. 

– Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.

Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат изземање на професионалните возачи од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. Тие упатија писмо до Европската унија со барање за директна средба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk