logo
logo
logo

ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА СРЕДНОТО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ: МВР запишува 200 нови ученици

Vecer | 02.07.2026

ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА СРЕДНОТО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ: МВР запишува 200 нови ученици

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Како што информираат од МВР, кандидатите кои ќе имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во средното полициско училиште.

Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен.

-Исто така,  општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование во средно училиште посочуваат од МВР.

Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk