logo
logo
logo

АЛИ СЕ ПЛАШИ ОД ЦРНАТА КУТИЈА НА АРТАН, а Бујар си трае за да не го изгори огнот, велат од Вреди

Vecer | 20.08.2026

АЛИ СЕ ПЛАШИ ОД ЦРНАТА КУТИЈА НА АРТАН, а Бујар си трае за да не го изгори огнот, велат од Вреди

Во Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не се знае кој ја држи командата, реагираат од коалицијата Вреди преку официјално соопштение. Според нив, партиската структура е фатена во паника додека Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерското место, а луѓето на Артан Груби јавно ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата.

Од Вреди истакнуваат дека Ахмети се наоѓа во тешка безизлезна ситуација. Доколку продолжи да го брани Артан Груби, го презема целиот негов компромитирачки политички багаж на свој грб, а доколку го пушти низ вода, ризикува да се отвори „црната кутија“ и јавно да се дознае кој што нарачувал, потпишувал и кој ги собирал сите профити.

Посебен акцент во соопштението се става на Бујар Османи, за кого од Вреди прашуваат кој му го врзал јазикот, бидејќи тој зборува за сè, но за Груби нема ниту еден збор. Од коалицијата прашуваат дали Османи молчи и се прави дека Груби не постои за да не биде и самиот вовлечен во приказната, или пак чека погоден момент за да проговори.

На крајот, од Вреди заклучуваат дека во ДУИ денес се зборува за сè, но одговор нема за ништо, поставувајќи го прашањето од што повеќе се плашат во партискиот врв, Артан да не пропее или Али Ахмети да не се повлече.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk