МИНИСТЕРОТ МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ ТРАМП

Vecer | 26.04.2026

МИНИСТЕРОТ МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ ТРАМП
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.

Муцунски во објава на мрежата „Х“ истакна дека за насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.

„Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на Тајната служба.“, напиша Муцунски на мрежата „Х“.

Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk