ЦУК: До 18 часот регистрирани 15 пожари од кои 10 изгаснати, 5 сеуште активни

Vecer | 03.08.2026

ЦУК: До 18 часот регистрирани 15 пожари од кои 10 изгаснати, 5 сеуште активни
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Центарот за управување со кризи излезе со својот последен извештај за пожарите на отворен простор во Македонија. Во системот се евидентирани вкупно 15 од кои десет се изгаснати а со останатите пет сеуште се води битка и стават под контрола.

Активни пожари има 5 и тоа во општина Василево – помеѓу селата Доброшинци и Василево каде гори сува трева, стрништа и дива депонија; општина Кичево – атар на с. Зајас гори стрниште; општина Кавадарци – помеѓу селата Раец и Ќесендре каде има зафатено нискостеблеста шума и сува трева; општина Теарце – с. Теарце огнот зафаќа ниви, стрништа и сува трева; општина Прилеп – месност Тризла Теке зафатено е депонија; пожарот се шири во три правци: кон Маркови Кули, кон превојот кај црквата „Богородица“ и кон Три Багреми, соопштуваат од ЦУК.

Освен активните изгаснати се десет пожари се работи за пожарот во општина Бутел на улица Бутелска бб и беше зафатена сува трева;во општина Шуто Оризари кај село Визбегово каде гореше ѓубре;општина Битола во атар на село Крклино каде беше зафатена сува трева;општина Велес, населба Превалец опустошена е сува трева на површина од три декари;општина Брвеница село Брвеница зафатена беше нива;општина Куманово атар на село Рамановце гореше ѓубре;општина Старо Нагоричане село Стрезовце гореше сува трева;општина Липково село Слупчане каде огнот зафати стрниште;општина Липково село Опаје, сува трева и стрниште;општина Македонски Брод помеѓу селата Слатина и Грешница каде огнената стихија имаше зафатено ниска вегетација, додаваат од ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk