logo
logo
logo

НАД 12 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ се инвестираат во Општина Прилеп

Vecer | 21.08.2026

НАД 12 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ се инвестираат во Општина Прилеп

Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините - информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп. 

Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови.   

- Од градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто се финансираат од страна на Владата во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата што Општина Прилеп ги издвојува за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка на проекти коишто ќе имаат задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп, изјави Мицкоски, кој изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“.

Како што посочи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, преку програми од Министерството за транспорт во Прилеп се инвестираат 9,5 милиони евра.

- Преку првиот повик се одвоени три милиони евра, во вториот 4,5 милиони, имаме и програма со Светска банка од 350 000 евра. Не ги забораваме и оние на кои им е најпотребна поддршката - социјално загрозените, 1,5 милиони евра се инвестираат за изградба на зграда со социјални станови преку АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, која до крај на годината треба да биде завршена и до пролет и становите да бидат поделени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти - изјави Николоски.

Градоначалникот Дејан Продановски информираше дека Прилеп до крајот на годинава ќе го добие најголемиот кружен тек што ќе биде најскап проект досега во градот. 

Продановски соопшти и дека е склучен договор во вредност од 168 милиони денари за подобрување на инфраструктурата во градот, од кои за годинава се предвидени 60 милиони денари за нови коловози, пешачки патеки, потпорни ѕидови.  Веќе се заокружува и реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов-Ченто во површина од 2100 метри квадратни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk