logo
logo
logo

Изложба во црквата „Св. Спас“ по повод:

Осум децении од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

Vecer | 10.10.2026

Осум децении од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

Во црквата „Св. Спас“ во 18:00 часот се отвори изложба посветена на 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје.

Веднаш по ослободувањето на земјата, соборците и тогашните власти донесоа заедничка историска одлука дека се остварени сите услови за исполнување на овој аманет, со што посмртните останки конечно беа вратени во татковината.

Изложбата ја организира Државниот архив во соработка со Конзерваторскиот центар од Скопје.

- Поминаа, 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Света Недела во Софија, во Свети Спас во Скопје. Се одбележува еден голем јубилеј за нас, бидејќи Гоце Делчев е оној што за нашата држава значи многу како револуционер, како деец и неговото дело.

Денес е вториот дел од настанот, кој е вечерен. Вчера имавме една детска инклузивна работилница на која дечиња од повеќе категории и од повеќе возрасти работеа, твореа на различни со различни техники кои ќе ги видите на крајот на изложбата бидејќи се изложени. А вечерва имаме настан кој е организиран по повод нели 80 години каде што модератор ни е актерката Нина Дејан. Бојана Скендеровски е овде со изведба на химната и дечиња што ќе ја изведуваат химната со знаковен јазик. Изложбата ја изработи Архив на Македонија направена на 12 паноа.

Дело од живот и дело на Делчев, неговата фамилија и на крај се она што не е објавено за Гоце, неговите писма, преписките и дописките меѓу двете влади за неговото пренесување од Софија во Македонија и на крај е изложен неговиот оригинален саркофаг или ковчег дрвен во кој бил пренесен од Софија во Македонија, кажа за вечер директорот на националниот конзеваторски центар Скопје Филип Даневски.

Оваа изложба претставува посебна посвета на историскиот пат на неговите оставки, заветот на неговите соборци и зачувувањето на националната меморија. Изложбата ќе биде достапна за посетителите се додека има интерес и дозволуваат временските прилики бидејќи самиот комплекс е на отворено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk