logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА НАД ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК според процентот на работоспособно население

Vecer | 08.10.2026

МАКЕДОНИЈА НАД ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК според процентот на работоспособно население

Македонија е над европскиот просек според процентот на работоспособно население. Во земјава 59,5% од населението е на работоспособна возраст (лица од 20 до 64 години), додека во ЕУ тие сочинуваат 58,3% од популацијата, покажуваат податоците на Евростат.

Највисок процент на работоспосообни граѓани меѓу осумте плански региони во Македонија има во Полошкиот 61,6%, а најмал во Скопскиот 58,3%.

Во ЕУ, пак, бројот на луѓе на работоспособна возраст е најголем во 22 региони во Германија 63,0%, како и во неколку региони во Данска и на островските региони во Шпанија.

Спротивно на тоа, во 189 региони во ЕУ, населението на работоспособна возраст сочинува помалку од 55,0% од вкупната популација.

Овие региони главно се рурални, вклучувајќи ги внатрешноста на Португалија, големи делови од рурална Франција, поголемиот дел од источна Германија и руралните територии во Бугарија, Грција и нордиските земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk