logo
logo
logo

11 Октомври е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата

Vecer | 11.10.2026

11 Октомври е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата

Нека 11 Октомври нè потсетува дека љубовта кон татковината се докажува со дела, со одговорност и со грижа за идните генерации, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој беше дел од владината делегација што претпладнево им оддаде почит на борците за слобода на Партизанските гробишта во Бутел.

Министерот на Фејсбук го честиташе 11 Октомври – Денот на народното востание напиша дека овој ден е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата.

Денеска, како дел од владината делегација, на партизанските гробишта во Бутел оддаваме почит на хероите кои во 1941 година ја започнаа борбата за слободна Македонија. 11 Октомври е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата, во борбата против фашизмот, за слобода, правда и човечко достоинство, објави Тошковски на неговиот фејсбук-профил.

Генерациите пред нас се изборија за слободата што ја живееме денес, вели, а „нашата должност е да ја чуваме, да ја зајакнуваме државата и да градиме Македонија во која секој граѓанин ќе се чувствува безбедно, слободно и достоинствено“.

Како министер за внатрешни работи верувам дека најголемата почит кон нивната жртва ја покажуваме преку секојдневна посветеност на безбедноста, владеењето на правото и заштитата на мирот што тие ни го оставија во наследство. Нека 11 Октомври нè потсетува дека љубовта кон татковината се докажува со дела, со одговорност и со грижа за идните генерации. Нека е вечна славата на борците за слободна Македонија!, напиша министерот за внатрешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk