logo
logo
logo

ШТО АКО СОФИЈА ОДБИЕ СРЕДБА? Неверојатeн одговор на премиерот Мицкоски

Vecer | 03.10.2026

ШТО АКО СОФИЈА ОДБИЕ СРЕДБА? Неверојатeн одговор на премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека македонската страна ги презема сите дипломатски чекори за деблокирање на дијалогот со источниот сосед, следејќи го конструктивниот совет од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мицкоски потврди дека министерот за надворешни работи веќе побарал официјална билатерална средба на маргините на разговорите за Коридорот 8, нагласувајќи дека сега сè е во рацете на официјална Софија.

– Доколку одбијат, тогаш уште еднаш ќе се потврдат сите оние тези коишто ние ги имаме и за што сме загрижени. Не очекувам. Не би било паметно да одбијат. Но, во ред, тоа си е нивна суверена одлука. Јас добив конструктивен совет од претседателката да го замолам министерот да побара средба и јас тоа го сторив бидејќи сметам дека таа беше апсолутно во право, изјави премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk