Мицкоски ги повика да ги пријават штетите во општинските комисии

ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ЌЕ БИДАТ ОБЕСШТЕТЕНИ

Vecer | 23.07.2026

ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ЌЕ БИДАТ ОБЕСШТЕТЕНИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Владата ќе ги обештети граѓаните кои имаат штета од невремето во Скопје, изјави денеска во Кавадарци премиерот Христијан Мицкоски кој ги повика сите кои претрпеле штета да ја ја пријават во соодветните општински комисии.

– Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета- рече Мицкоски.

Тој апелираше граѓаните кои имаат штета да пријават,

-Да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме – рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk