13 години казна затвор за Стојанче Јовановски

Vecer | 07.05.2026

13 години казна затвор за Стојанче Јовановски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, инаку обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја.

За сите три дела што му се ставаа на товар на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk