logo
logo
logo

ПОЖАР НА ЖЕДЕН - Чадот се чувствува и во Скопје

Vecer | 24.08.2026

ПОЖАР НА ЖЕДЕН - Чадот се чувствува и во Скопје

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла на скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен - соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, преку видеопорака.

Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари во гаснењето на пожарот се вклучени и колеги од Тетово.

- Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој пожар, тежок за гаснење - додаде Ангелов во изјавата.

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, а на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР - информираа од ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk