ПРОШИРУВАЊЕТО ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ ПРЕКУ ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ, Македонија е посветена на реформите

Vecer | 16.11.2026

ПРОШИРУВАЊЕТО ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ ПРЕКУ ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ, Македонија е посветена на реформите
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент – порача премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на Форумот за проширување на Европската Унија – EU Enlargement Forum 2026 во Брисел.

Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ информира дека заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос го проследил обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот.

Според премиерот, процесот на проширување треба да продолжи да се темели врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив.

- Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив – наведува Мицкоски.

Тој нагласува дека европската интеграција за Македонија претставува стратешка определба и долгорочен национален интерес.

Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива – порачува премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk