Ислам Абази и ја предаде функцијата на Искра Хаџи Василева

Vecer | 16.11.2026

Ислам Абази и ја предаде функцијата на Искра Хаџи Василева
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Со букет цвеќе во рацете, досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, ја пречека својата наследничка Искра Хаџи Василева, која денеска и официјално ја презеде раководната функција во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Примопредавањето на должноста се одржа во просториите на Обвинителството, по што е најавена средба на новата раководителка со државниот јавен обвинител, Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори одржани на 28 октомври, кога освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.

По изборот, таа најави дека меѓу главните приоритети во нејзиниот мандат ќе бидат ефикасниот кривичен прогон, подобрата организација на работата на Обвинителството и поефикасната борба против организираниот криминал и корупцијата.

Таа е вториот раководител на ОЈО ГОКК кој е избран на непосредни избори, со тајно гласање на сите јавни обвинители во државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk