Нестабилното време веќе започна да се чувствува во Македонија, а најновите радарски податоци покажуваат дека првите врнежи и грмежи се појавиле во неколку региони. Според информациите од УХМР најизразена нестабилност има во југозападниот дел од државата, поточно во Преспанскиот регион, каде што се регистрирани умерени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.
Од надлежните се препорачува зголемена внимателност при движење, особено во подрачјата каде што има појава на поројни врнежи и грмежи. Граѓаните се советуваат редовно да ги следат најновите временски информации и предупредувања.
Невремето доаѓа по период на високи температури, а промената на временските услови може да донесе краткотрајни, но интензивни врнежи во одредени региони.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата