Седум години персоналот околу главните ликови од власта на Зоран заев, Али Ахмети, Венко Филипче, Оливер Спасовски... рекетираа фирми, примаа поткуп, вршеа физички насилства низ Прилеп, Струмица, Кочани, транспортираа и продаваа марихуана и други дроги низ Македонија... што за своите шефови, што за себе а полицијата и обвинителството не преземаа ништо.
Тоа стана до толку масовно што социјалните мрежи беа полни со примери, докази, жалби од грѓани преку нивните профили по Фејсбук и Твитер за потоа, по пријави од ботовите на СДСМ и ДУИ, тие профили да бидат блокирани. Само во еден случај, и тоа по истрага и налог на американската агенција за борба против дрога - ДЕА имаше апсење близу Прилеп на возач, односно бодигард, од власта. Само тогаш.
Но, времињата се менуваат. ВМРО ДПМНЕ научи од праксата на СДСМ и ДУИ како се губи власт и презема мерки таа пракса да не им се случува. Возач на владата се претставувал како “фактор“ за вработување, побарал поткуп да вработи некого по што бил следен и уапсен.
Уапсениот возач на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, поточно вработен во Секретаријатот за општи и заеднички работи (СОЗР) на владата, кој беше фатен со мито, бил пријавен од граѓанин, а потоа бил следен и упасен откако примил обележани пари на МВР.
- Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за корупција при МВР, постапуваше по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител. Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц., вработен како возач во СОЗР при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода“, информираат од МВР.

Триесетневен притвор за возачот во Владата затекнат при примање обележани пари
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, осомничен за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.
Според Обвинителството, постои основано сомневање дека осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, во периодот од 24 јули до 4 септември годинава побарал 1.500 евра од граѓанин за да го искористи своето наводно влијание и да посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по оглас за прием на пожарникари.
Случајот бил пријавен од оштетениот граѓанин, по што Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со надлежниот јавен обвинител, презела активности за обезбедување докази.
-По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани – информираат од Обвинителство.
Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител предложил определување мерка притвор. Судија на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му одредил притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи претходно денеска информира дека по поднесена пријава од граѓанин, Д.Ц. вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода.
Од Обвинителството нагласуваат дека навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно.
-Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи. Јавното обвинителство ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи и да соработуваат со надлежните институции и останува посветено на одлучно постапување по сите сознанија за коруптивно однесување за кои постојат основи за преземање обвинителски дејствија – се вели во соопштението од Обвинителство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата