Полицијата вчера приведе 38-годишен жител на Македонски Брод постапувајќи по пријава дека вчеравечер предизвикал пожар во село Брезница.
„На 05.09.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с.Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти“, соопштија од МВР.
Повредени нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и со помош на локалното население.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата