Наредена ОБДУКЦИЈА И ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОРУЖЈЕТО за убиството на 18-годишното момче од Бојане

Vecer | 17.05.2026

Наредена ОБДУКЦИЈА И ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОРУЖЈЕТО за убиството на 18-годишното момче од Бојане
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на 18-годишното момче кое беше убиено во скопското село Бојане.

Како што информираат од ОЈО Скопје, во тек е прибирање на доказите, а веќе се издадени и наредби за вештачење на пронајдените траги, како и за споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е извршено делото.

За убиството постои основано сомнение против 19-годишник од истото село, кој веќе е лишен од слобода. Тој се сомничи за кривично дело „Убиство“ според член 123 став 1 од Кривичниот законик.

„Имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа“, соопштуваат од ОЈО Скопје.

Оваа мерка се бара со цел да се обезбедат сите релевантни докази пред и формално да биде отворена истражната постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk