logo
logo
logo

Претседателката Сиљановска-Давкова СО НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ПОЧЕСТИ ПРЕЧЕКАНА ВО БРАТИСЛАВА

Vecer | 02.06.2026

Претседателката Сиљановска-Давкова СО НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ПОЧЕСТИ ПРЕЧЕКАНА ВО БРАТИСЛАВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини.

Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Македонската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката влада и министер за одбрана, Роберт Калињак. Во рамките на посетата Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин.

Утре, претседателката ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за св. Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk