logo
logo
logo

АХВ ЗАПЛЕНИ ДВА ТОНИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА ВО ЧЕНТО

Vecer | 14.10.2026

АХВ ЗАПЛЕНИ ДВА ТОНИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА ВО ЧЕНТО

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид.

Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет.

При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите.

Запленетата храна е отстранета од промет. Надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли, самостојно и во координација со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот.

АХВ апелира до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, чувањето и продажбата на храната. Безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите остануваат приоритет во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk