СРПСКАТА ДЕМОКРАТСКА ЛИГА на Саша Богдановиќ вечерва го одржува Првиот Конгрес

Vecer | 09.10.2026

СРПСКАТА ДЕМОКРАТСКА ЛИГА на Саша Богдановиќ вечерва го одржува Првиот Конгрес
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Поранешниот градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, се враќа на политичката сцена со нова партија – Српска демократска лига.

Новиот политички субјект, денеска на 9 октомври 2026 година ќе го одржи својот прв изборен Конгрес, со почеток во 18 часот, во Малата сала на Филхармонијата во Скопје.

Според најавата за настанот, во свечениот дел пред присутните ќе се обрати претседателот на Српската демократска лига, Саша Богдановиќ, а предвидени се и поздравни обраќања на гости и партнери на партијата.

Богдановиќ е поранешен градоначалник на Општина Центар и поранешен функционер на СДСМ. На локалните избори во 2017 година беше избран за градоначалник како кандидат на СДСМ, а претходно беше претседател на општинската организација на партијата во Центар и директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Уште во март годинава Богдановиќ јавно најави формирање на Српската демократска лига, посочувајќи дека тој ќе биде нејзин претседател. Тогаш изјави дека името на партијата се поврзува со политичкото организирање на Србите на овие простори од почетокот на минатиот век.

Во интервју дадено во март, Богдановиќ порача дека новата партија нема да се обраќа исклучиво до припадниците на српската заедница, туку ќе бара поддршка од граѓани од сите етнички заедници.

Со првиот изборен Конгрес на 9 октомври, Српската демократска лига треба формално да ги претстави своите партиски структури и политичкото делување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk